Волф: Ако Хамилтон замине, тоа кажува многу за состојбата во Ф1

Шефот на Мерцедес Ф1, Тото Волф вели дека ќе има средба со Луис Хамилтон за да се разговара за иднината на седумкратниот шампион во спортот по шпекулациите дека е подготвен да се пензионира по контроверзниот финиш на сезоната во Абу Даби.

Иако има потпишано повеќегодишно продолжување на договорот со Мерцедес, Хамилтон е без коментар по последната трка од сезоната, во која ја загуби титулата во последниот круг, кога директорот на трки на ФИА, Мајкл Маси реши да се продолжи тркањето зад безбедносното возило, а Ферстапен го помина.

„Без разлика какви пречки мораше да надмине, Луис цел живот знае дека своето го кажува на паткеата. Тешко е да најде начин помеѓу разумот во последната трка и затоа му е потребно време да одлучи. Се надевам дека ќе го видиме повторно во Ф1, бидејќи тој е најважниот тркач во серијата. Ќе биде вистинска осуда на целиот спорт ако реши да си замине поради ваква скандалозна одлука како во Абу Даби. Луис беше непобедлив тој ден додека стјуардите не решија да направат прекршувања“, вели Волф во интервју за австрискиот весник „Кронен цајтунг“.

Шпекулациите велеа дека Мерцедес и Хамилтон ја чекаат одлуката на ФИА, која ќе ја истражува позицијата на Маси, и дека бараат тој да биде отстранет од водечката позиција за Хамилтон да се врати на спортот.

Текстот Волф: Ако Хамилтон замине, тоа кажува многу за состојбата во Ф1 е превземен од МАКФАКС.