Волф: Хамилтон е најдобар во својата генерација, Шуми не најдобар во историјата

Луис Хамилтон, во недела, против Макс Ферстапен ќе се бори за осмата титула во кариерата. Доколку победи тој ќе стане апсолутен рекордер, на вечната листа ќе биде пред Михаел Шумахер со кого во моментов го дели рекордот.

Шефот на Мерцедес, Тото Волф, смета дека што и да се случи утре во Аби Даби, легендарниот Германец ќе остане недопирлив на врвот.

„Никој никогаш нема да биде подобар од Шуми. Дури и статистички Луис да излезе пред него. Никој досега немал толку големо влијание во овој спорт, тој е икона на Ф1. Не можете да ги споредувате генерациите. Луис е најдобар во својата генерација“, рекол Волф за „Билд“.

Текстот Волф: Хамилтон е најдобар во својата генерација, Шуми не најдобар во историјата е превземен од МАКФАКС.