Вонредна седница на Владата за трагедијата во Тетово

Владата во 10 часот ќе одржи итна и вонредна седница за пожарот во ковид-центарот во Тетово во кој синоќа загинаа најмалку 10 лица.

„Во тетовскиот ковид-центар се случи огромна трагедија во која поради експлозија и пожар има десет жртви, а оваа бројка може да порасне. Противпожарните и медицинските служби реагираа веднаш, пожарот е изгаснат, а во тек е акција на здравствените служби за спасување на секој загрозен живот“, се наведува во соопштението.

Владата изразува најдлабоко сочувство до семејствата и блиските на починатите и посакува брзо закрепнување на повредените.

По несреќата, во Општина Тетово се одржа кризен штаб со највисокиот државен врв.

Текстот Вонредна седница на Владата за трагедијата во Тетово е превземен од МАКФАКС.