Вотфорд го вратија Хоџсон од пензија за нивен трет менаџер оваа сезона

Премиерлигашот Вотфорд го потврдија именувањето на 74-годишниот Рој Хоџсон како нов менаџер, откако во понеделникот го отпуштија Клаудио Раниери по девет натпревари без победа и во ситуација во која им се заканува испаѓање од лигата.

Поранешниот англиски селектор Хоџсон си замина од Кристал палас на крајот на минатата сезона, објавувајќи дека се пензионира од фудбалот, меѓутоа сега пристигнува како трет менаџер во Вотфорд оваа сезона, откако Чиско Муњоз ја почна годината на клупата на клубот од предградијата на Лондон.

Хоџсон претходно беше селектор на Англија и Финска, додека во Англија работеше со Ливерпул, Фулам, Вест Бромвич Албион, Блекбурн и Бристол, а работеше и под газдите на Вотфорд накратко во Италија во Удинезе во 2001 година.

Вотфорд се на два поени од безбедната зона во Премиерлигата, но имаат два меча помалку од Норич, кои се на 17. место.

We are delighted to confirm the appointment of Roy Hodgson as the club’s manager.

Welcome to Watford, Roy!

— Watford Football Club (@WatfordFC) January 25, 2022

Текстот Вотфорд го вратија Хоџсон од пензија за нивен трет менаџер оваа сезона е превземен од МАКФАКС.