Вучиќ: Јасно е дека Шпанија нема да го признае Косово

По средбата со шпанскиот премиер Педро Санчез, српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека ставот на Шпанија за Косово останува непроменет.

„Јасно е дека Шпанија нема да ја признае независноста на Косово, останува на својот став, ги почитува интегритетот и суверентитетот на Србија“, рече Вучиќ.

„Се заблагодарив за отворањето на четвртиот кластер на ЕУ. Ние ќе продолжиме да ги зајакнуваме нашите односи. Верувам дека во текот на оваа година ќе имаме можност да го пречекаме шпанскиот крал, што досега не се случило“, рече Вучиќ.

Текстот Вучиќ: Јасно е дека Шпанија нема да го признае Косово е превземен од МАКФАКС.