Вучиќ: Србија е подготвена да обезбеди братска помош по пожарот во Тетово

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, упати сочувство до семејствата на жртвите во пожарот во ковид– центарот во Тетово.

Тој рече дека Србија ја споделува големата болка со граѓаните на Северна Македонија и дека е подготвена да обезбеди братска помош.

Изузетно ме је погодила вест о пожару у болници у Тетову. Делимо огроман бол са народом Северне Македоније, спремни да пружимо сваку братску помоћ. У своје и у име грађана Србије, изражавам саучешће породицама настрадалих и грађанима Северне Македоније, повређенима брз опоравак.

— Александар Вучић (@predsednikrs) September 9, 2021

„Ја споделуваме големата болка со граѓаните на Северна Македонија, подготвени да дадеме секаква братска помош. Во мое лично име и во име на граѓаните на Србија, изразувам сочувство до семејствата на жртвите и граѓаните на Северна Македонија, а на повредените им посакувам брзо закрепнување“, напиша Вучиќ на „Твитер“.

Најмалку 14 лица загинаа во пожарот што синоќа ја зафати модуларната болница за лекување на ковид-пацинти во Тетово. Причините засега се непознати.

Текстот Вучиќ: Србија е подготвена да обезбеди братска помош по пожарот во Тетово е превземен од МАКФАКС.