Забрана за камиони на патните правци Маврово-Жировница и Тетово – Попова Шапка

Забрани за тешки товарни возила на патните правци Крак Маврово – Жировница, Тетово – Попова Шапка, каде дополнително забраната важи за камиони и автобуси, а за останатите е задолжителна употребата на зимска опрема, соопшти АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива по влажни коловози, на некои повисоки места со наместа остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на дежурните екипи на ЈП Македонијапат.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Текстот Забрана за камиони на патните правци Маврово-Жировница и Тетово – Попова Шапка е превземен од МАКФАКС.