Забрана за тешки товарни возила на Ѓавато

На патниот правец Битола – Ресен, преку планинскиот премин Ѓавато, се воведува забрана за сообраќај на тешки товарни возила, соопштија од АМСМ.

Забраната се воведува од 9.40 часот.

АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони.

Текстот Забрана за тешки товарни возила на Ѓавато е превземен од МАКФАКС.