Заеднички гранични контроли и на границата со Албанија

Владата денеска го утврди предлог-законот за ратификација на договорот меѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Албанија за воспоставување заеднички гранични премини според концептот на заеднички гранични контроли.

Според текстот на законот, станува збор за гранични контроли со едно застанување (One-stop shop) и поедноставени постапки, кои се спроведуваат на еден заеднички граничен премин.

Концептот на заеднички гранични контроли и поедноставени постапки на единствен граничен премин води кон забрзување и поедноставување на протокот на граничните премини.

Текстот Заеднички гранични контроли и на границата со Албанија е превземен од МАКФАКС.