Заев: Експлозија предизвикала пожар, згаснаа многу животи и борбата за животи сѐ уште трае!

/

Премиерот Зоран Заев предмалку се огласи по повод пожарот во тетовската ковид болница, во која има и човечки жртви, според првите официјални информации десет лица ги загубија животите.

Заев напиша дека експлозија го предизвикала пожарот.

„Огромна трагедија се случи во тетовскиот КОВИД-19 центар. Експлозија предизвикала пожар. Пожарот е изгаснат, но згаснаа и многу животи. Борбата за живот трае сѐ уште, a сите служби реагираа пожртвувано и спасуваат луѓе. Изразувам најдлабоко сочуство до семејствата и блиските на починатите и посакувам брзо закрепнување на повредените.Причините за пожарот ќе бидат утврдени, за што правосудните органи се веќе на терен.Ова е навистина трагичен настан и можам да ве уверам дека целиот државен врв е посветен на брзо разрешување на оваа ситуација. Во моментов трае кризниот штаб во Општина Тетово.“, напиша Заев на „Фејсбук“.