Заев и амбасадорите од Вишеградската група се надеваат на решение за деблокирање на интеграциите

Претседателот на Владата, Зоран Заев, присуствуваше на работен појадок во организација на амбасадорите на земјите од Вишеградската Група (В4).

Заев на средбата со амбасадорите на Полска Војциех Тицињски, на Унгарија Ласло Иштван Дукс, на Словачка Хенрик Маркуш, и на Чешка Мирослав Томан, ја изрази благодарноста кон Вишеградската група за силната поддршка за европската перспектива на Западен Балкан, особено со цврстото застапување на агендата за проширување на ЕУ со земјите од регионот.

Заев ги нагласи очекувањата од претстојниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите од Западен Балкан со нивните колеги од Вишеградската Група од кој ќе се реафирмираат заложбите и пораките за поголема динамика на процесот за проширување на ЕУ.

Посебна тема на денешниот состанок со амбасадорите на земјите од Вишеградската Група беше размената на искуства за менаџирање на Фондот за Западен Балкан кој беше инспириран од соработката со В4, при што беше споделена определбата оваа соработка да продолжи и понатаму.

Премиерот Заев и амбасадорите од земјите од В4 за време на работната средба разговараа и за очекувањата од денешниот Министерски Совет за општи работи на ЕУ и изразија надеж дека ќе биде постигнато прифатливо решение за деблокирање на евроинтеграцискиот процес за Северна Македонија засновано на предлогот на португалското претседателство со ЕУ.

Текстот Заев и амбасадорите од Вишеградската група се надеваат на решение за деблокирање на интеграциите е превземен од МАКФАКС.