Заев: Нашата кауза нема да дозволи Мицкоски, Апасиев и Груевски да ја упропастат државата

За пуста желба за власт, биле спремни државата да ја носат низ брдо, а народот да страда, со овие зборови преку социјалните мрежи Зоран Заев се обрати до јавноста првпат откако најави оставка од премиерската функција и од претседателската позиција во СДСМ.

„Овие денови сведочиме за загрозување на договорот од Преспа, на договорот за добрососедство со Бугарија, на Охридскиот рамковен договор, на заедничкото едно и еднакво општество, на мирот на граѓаните внатре и на добрите односи со соседите“, посочува Заев.

Сепак, тој нагласува дека во државата има народ, граѓани, демократи, борци и политичари, кои, како што вели, нема да дозволат Мицкоски, Апасиев и Груевски да ја заробат и упропастат државата одново.

„Нашата кауза е и граѓанска и државничка. Знам дека зад оваа кауза како бедем гордо стојат мнозинство од нашите граѓани и мнозинство од нашите пратеници. Демократијата, слободата, солидарноста и заедништвото се нашите вредности“, порача Заев преку социјалните мрежи.

Текстот Заев: Нашата кауза нема да дозволи Мицкоски, Апасиев и Груевски да ја упропастат државата е превземен од МАКФАКС.