Заев: Прашањето за морална одговорност и моја оставка стана банално

Премиерот, Зоран Заев, изјави дека прашањето за морална одговорност и за негова оставка станува банално.

„СДСМ има квалитетни кадри кои што можат и Зоран Заев и било кој да го заменат, затоа што секој е заменлив и никако нема да дозволам да навлегувам во прашањето затоа што сигурно и вие приметивте стана банално ова целото сите овие денови“, одговори Заев на новинарско прашање дали значи дека во СДСМ нема кој да го замени затоа што пред некој ден изјавил дека нема да поднесе оставка како морална одговорност за несреќата за да не дојде Мицкоски на власт.

Според Заев, моралната одговорност за несреќата во модуларната болница е испорачана од директорите на болницата во Тетово и од министерот и заменикот – министер за здравство.

„Истрагата да заврши да ги видиме резултатите од вештачењето и ќе го кажам мојот став“, рече Заев алудирајќи на тоа дали ќе ги прифати оставките или не од директорите на болницата во Тетово и од министерот и заменикот –  министер за здравство.

Текстот Заев: Прашањето за морална одговорност и моја оставка стана банално е превземен од МАКФАКС.