Захарова: Ситуацијата во Црна Гора треба да се реши со почитување на правата на СПЦ

Осврнувајќи се на настаните во Црна Гора, каде што викендов избувнаа судири околу устоличувањето на митрополититот на Српската православна црква, Русија смета дека е важно да се реши ситуацијата со почитување на канонските права на Српската православна црква и нејзините верници, изјави портпаролката на Министерството за надворешни работи, Марија Захарова, пренесуваат регионалните медиуми.

„Обидите на одредени кругови во Црна Гора да користат црковни теми за поттикнување непријателство и внатрешнополитички конфронтации се длабоко за жалење“, вели Захарова во изјавата на веб-страницата на Министерството за надворешни работи.

„Политиката на вештачко создавање хаос, поделба на граѓаните од која било причина, беше препознатлив знак на оние сили кои не сакаат да се помират со поразот на минатогодишните избори на групата на црногорскиот претседател, кои бараат одмазда за сопствените себични интереси. Мирот и безбедноста во земјата се доведени во прашање“, се наведува во соопштението, пренесуваат агенциите.

Захарова истакнала дека Москва целосно ги поддржува изјавите на српскиот патријарх Порфириј и митрополитот Јоаникиј, насочени кон намалување на тензиите.

„Ние сме убедени во потребата да се реши ситуацијата во рамките на уставот и сегашното законодавство, со строго почитување на легитимните канонски права на Српската православна црква и нејзините верници“, додаде Захарова.

Текстот Захарова: Ситуацијата во Црна Гора треба да се реши со почитување на правата на СПЦ е превземен од МАКФАКС.