Запленети 9 килограми кокаин на Косово

/

Две лица се уапсени откако косовската полиција, во соработка со царината, заплени околу девет килограми наркотична дрога, за која постои сомневање дека е кокаин, на преминот Врбница кај Призрен, пишуваат медиумите во регионот.

Според нив, уапсени се двајца мажи со албанско државјанство.

Во извештаите е наведено дека албанските власти им биле од помош на косовската полиција и царина за расветлување на случајот.

Со одлука на обвинителот на осомничените им е одредена мерка притвор, пишуваат агенциите.

Текстот Запленети 9 килограми кокаин на Косово е превземен од МАКФАКС.