Здружението „Дело“ поднесе кривична пријава за говор на омраза против Миленко Неделковски

/

Здружението “ДЕЛО“- Скопје, во рамки на својот проект „Стоп на говорот на омраза против Република Бугарија и Бугарскиот народ“ на ден 31.01.2022 година до Основното јавно обинителство во Скопје, поднесе Кривична пријава против лицето Миленко Неделковски, по занимање новинар и тв водител, поради тоа што на ден 07.01.2022 година, на сопствениот youtube канал-Milenko Nedelkovski, направил видео запис под наслов „Татаро-монголите од Исток“ (се мисли на Република Бугарија и бугарскиот народ) при што самиот видео запис е полн со говор на омраза користејќи навредливи, непримерни и вулгарни зборови кон Р.Бугарија и бугарскиот народ. Погледнете го видео записот:

Понатаму на ден 19.01.2022 година, на својата фан страна на фејсбук-Milenko Nedelkovski објавил текст и фотографија при што напишал „Но затоа, истата фашистичка полиција на Оливер Спасовски не задржа и не викна на информативен разговор ниту еден од бугарските фашисти што пред некој ден маршираа низ Скопје“. Погледнете ја објавата овде.

Потоа на ден 19.01.2022 година, на својата фан страна на фејсбук-Milenko Nedelkovski напишал текст со прилог фотографија „По мала, по сиромашка, по ружна канцеларија во Скопје не можеле да изберат. У ствари, разбирам Бугари се тоа“ (се мисли на канцеларијата на прес-клубот на Бугарската новинска агенција БТА). Погледнете ја објавата овде.

Пријавениот на ден 20.01.2022 година, на својата фан страна на фејсбук-Milenko Nedelkovski напишал текст со прилог фотографија „Од заедничката историја, издвојуваме: Како Бугарија им помагала на Турците да ги истребат комитите“. Погледнете ја објавата овде.

И на ден 21.01.2022 година, на својата фан страна на фејсбук-Milenko Nedelkovski објавил линк од портал со наслов „Каде се златото и накитот, прашуваат роднини на загинатите во несреќата на автобусот на Беса Транс“ и притоа напишал текст „Па, у Бугарија е сообраќајката, бе!“. Погледнете ја објавата овде.

Согласно горенаведеното, пријавениот свесно и со умисла шири говор на омраза кон Република Бугарија и бугарскиот народ за што постои основано сомнение дека пријавениот го сторил кривичното дело – Предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, расна, верска и друга дискриминаторска основа од член 319 став (1) и кривичното дело – Ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем од член 394-г став (2) в.в со став (1) од Кривичниот законик на Република Северна Македонија.