Зеленски: Сите компромиси со Русија ќе треба да бидат ставени на референдум

Сите компромиси со Русија ќе треба да бидат ставени на референдум во Украина, вели украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Коментарот Зеленски го даде за време на интервју за украинскиот радиодифузер Суспилне, пишува Фактор.мк.

„Украина не може да прифати никакви руски ултиматуми за запирање на војната“, изјави Зеленски во интервју за украинската радио телевизија.

Вели дека Москва, на пример, сакаше градовите Харков, Мариупол и Киев да се предадат.

„Но, ниту жителите на Харков, ниту оние на Мариупол, ниту оние на Киев, ниту јас како претседател, не можеме да го сториме тоа“, нагласи тој.

Целиот напис прочитајте го овде.