Зеленски со критика за Милановиќ: Не би зборувал така да имаше 100.000 војници на хрватската граница

Украинскиот претседател Володимир Зеленски, во објава на „Твитер“ го спомена хрватскиот претседател, Зоран Милановиќ, коментирајќи негова претходна изјава во која тој го употреби изразот „шарлатанство“ во врска со посетата на хрватскиот премиер на Киев.

„Доколку има натрупано повеќе од 100.000 војници на границата на Хрватска, претседателот Милановиќ немаше да ја нарече посетата на украинскиот премиер на Загреб шарлатанство, туку израз на солидарност и пријателство“, напиша Зеленски во пораката објавена на „Твитер“.

If more than 100,000 troops were on the border with Croatia, President Milanović would call the Ukrainian Prime Minister’s visit to Zagreb not “charlatanism” but a manifestation of solidarity and friendship.

— Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) December 10, 2021

Милановиќ во четвртокот ја опиша како „обично шарлатанство“ посетата на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ на Украина во време на големите тензии со Русија и рече дека „ако го згусне Пленковиќ ќе побегне во Брисел“ и додаде дека хрватски војници таму (на границата со Украина) нема да одат.

Милановиќ во петокот, по критиката на неговите изјави за Украина, повторно зборуваше за посетата на Пленковиќ и рече дека има емпатија и симпатии кон таа земја, но повика и на претпазливост.

„Имам симпатии за Украина, а не ја мразам Русија. Прилично непријатна позиција. Сепак, 100.000 руски војници се на границата со Украина, не се знае што ќе се случи“, изјавил Милановиќ за новинарите.

Текстот Зеленски со критика за Милановиќ: Не би зборувал така да имаше 100.000 војници на хрватската граница е превземен од МАКФАКС.