Земјотрес со јачина од 4,5 степени во БиХ

Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала ја погоди Босна и Херцеговина.

Според Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар (ЕМСЦ), земјотресот е регистриран на 19 километри од Зеница.

Според првичните информации, земјотресот бил на длабочина од пет километри.

„Сѐ се затресе. Тој ужасен звук“, напиша еден од сведоците на порталот ЕМСЦ.

Текстот Земјотрес со јачина од 4,5 степени во БиХ е превземен од МАКФАКС.