Жена истепала тројца мажи во велешкото село Горно Јаболчиште

/

Во неделата претпладне Полициското одделение Чашка во велешката полиција добило пријава дека во селото Горно Јаболчиште се случил инцидент во кој една жена физички нападнала тројца мажи.

„На 31 октомври во Полициското одделение Чашка, С.З.(49) од Горно Јаболчиште пријавил дека тој, Х.З.(35) и С.З.(71) биле физички нападнати од Л.З.(44), која притоа употребила и тврд предмет“, соопштија од СВР Велес.

На 31.10.2021 во 13.30 часот, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода И.Т.(21) од с.Долно Оризари, битолско, затоа што кај него биле пронајдени марихуана и бела прашкаста материја. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 01.11.2021 во 02.05 часот на подрачјето на Гази Баба, Скопје, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба го пронашле Б.М.(40) од Тетово, за кого неговиот брат А.М. на 28.10.2021 во СВР Тетово пријавил дека се оддалечил од домот. Тој бил предаден на неговиот брат.

На 31.10.2021 во 13.45 часот во Полициската станица Аеродром, Ж.Ј.(49) од Скопје пријавил дека на бул.„АСНОМ” бил каснат од куче скитник.

На 31.10.021 во 18.10 часот во Полициската станица Струмица било пријавено дека во с.Коњарево, струмичко, патничко возило „фолксваген голф”, со швајцарски регистарски ознаки, управувано од А.А.(64) од с.Старо Коњарево, удрило во пешакот Т.С.(68) од с.Ново Коњарево. Во несреќата пешакот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Медицинскиот центар Струмица. Увид извршила екипа на Полициската станица Струмица.

На 31.10.2021 во 13.20 часот во Полициската станица Карпош, Ф.Т.(39) од Скопје пријавил дека на ул.„Никола Русински” бил каснат од куче скитник.