Жител на Кратово пријавил дека бил физички нападнат од две лица во угостителски објект во Охрид

На 19-ти јуни 2021 година, во 01:20 часот во СВР Охрид, 24-годишниот В.М. од Кратово пријавил дека во угостителски објект во Охрид, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од 20-годишните П.Б. и Х.Т., двајцата од Охрид.

– По расчистување и документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци, информираат од МВР.