Жител на Романовце во својот двор пронашол граната од Втора светска војна

Ц.К. (74) од кумановското село Романовце вчера пријавил дека во дворно место од неговата куќа во пронашол стара неексплодирана направа.

Полиција од СВР – Куманово и пиротехничар од Дирекција за заштита и спасување извршиле увид по што е констатирано дека станува збор за стара рачна неексплодирана граната од Втората светска војна.

Гранатата е подигната за понатамошна постапка.