„Зијеш нема да игра за Мароко додека јас сум селектор“

Вахид Халилхоџиќ се соочува со големи критики и добива закани поради елиминацијата на Мароко од Африканскиот куп. Тој сепак ќе остане и понатаму ќе остане на функцијата. Фудбалскиот сојуз на Мароко, потврди дека на неколку недели пред баражот за пласман на СП во Катар, не размислуваат да го сменат селекторот.

Халилхоџиќ на денешната прес конференција открил дека по елиминацијата од Египет, во четврт-финалето, добил многу закани.

„Да ми се закануваа дека ќе ме убијат, но тоа само ме охрабрува да продолжам понатаму. Навикнат сум на такви закани“, рекол 69-годишниот тренер.

Мароко на Африканскиот куп настапи без големите ѕвезди Хакин Зијеш и Нусаир Мазрауи. Овие двајца Халилхоџиќ ги избриша од националниот тим. Повтори дека додека тој е селектор тие нема да играат за Мароко.

„Сакате некого да молам да игра за националниот тим? Ове постои група на фудбалери која го има потребниот мир, тоа сакам да го задржам. Не можам да повикам играч кој ќе го наруши тој мир, па дури тој да е и Лионел Меси. Еме Жаке и Дидие Дешам со Франција станаа светски шампиони кога ги избркаа најдобрите играчи. Не сум првиот што го направил тоа. Нема да го повикам Зијеш. Ги понижи сите Мароканци. Со уште тројца сакаше да ја растури репрезентацијата“, рекол Вахид Халилхоџиќ.

Текстот „Зијеш нема да игра за Мароко додека јас сум селектор“ е превземен од МАКФАКС.