„Зошто Пјаниќ не играше? Другите беа подобри од него“

Тренерот на Барселона, Роналд Куман, му одговори на Миралем Пјаниќ зошто бил во втор план. Пјаниќ, минатата недела се пресели на позајмица во Бешикташ, откако не доби шанса да се докаже во дресот на Барселона.

Босанецот, откако го потпиша договор со Бешикташ, изјави дека Куман никогаш не се обидел да му објасни што сака од него.

„Се однесуваше со мене како да имам 15 години“, изјави Пјаниќ.

Куман, во разговор за „Мундо Депортиво“, рекол дека другите фудбалери биле подобри од Пјаниќ.

„Мислам дека е малку нервозен, имам целосно разбрање за неговата разочараност“, рекол Куман и дополнил.

„Во нашиот систем, со и без топка, од конкуренцијата не успеа да се избори за место во тимот. Ништо друго не се случуваше. Се обидовме, но другите играчи едноставно беа подобри од него. Му посакувам се најдобро“.

Пјаниќ за Барселона настапи на 30 натпревар, најчесто влегуваше како резерва.

Текстот „Зошто Пјаниќ не играше? Другите беа подобри од него“ е превземен од МАКФАКС.