Зверев се извини за скандалот во Акапулко

Александар Зверев се огласи по скандалот што го предизвика на турнирот во Акапулко. Германецот, во Акапулко настапи и во парови, со Марсело Мело. Тој и неговиот партнер беа поразени во супер –тајбрејкот од Гласпул и Хелиовара.

По завршувањето на мечот, незадоволен од судиските одлуки, Зверев збесна, го нападна судијата, со рекотот удираше во неговото столче, а судијата избега.

АТП веднаш реагираше и го дисквалификуваше Германецот од турнирот.

„Тешко можам да најдам зборови, за да го изразам моето жалење за се она што се случи. Лично му се извинив на судијата поради изливот на лутина. Тоа беше неприфатливо. Разочаран сум од моето однесување. Тоа не смееше да се случи, тука нема изговор. Би сакал да му се извинам на турнирот, навивачите, на мојот омилен спорт“, рекола Зверев.

Потоа Германецот се огласи и на социјалните мрежи.

„Како што знаете, секогаш се од себе оставам на теренот. Вчера оставив премногу. Ќе ги искористам наредните денови за да го анализирам моето однесување. Морам да бидам сигурен дека ова повеќе никогаш нема да се случи. Уште еднаш ќе кажам жалам што ве разочарав со моето однесување“.

Покрај дисквалификацијата која ја доби, Зверев ќе добие и казна од АТП. Во наредните денови ќе биде познато каква казна ќе добие.

Зверев предизвика скандал – АТП го исфрли од турнирот во Акапулко

Текстот Зверев се извини за скандалот во Акапулко е превземен од МАКФАКС.